Back

ⓘ Општество - Општество, Ацтечко општество, Фондации Отворено општество, Светски самит за информатичкото општество, Бугарско општество, Иво Ивановски, Активизам ..




                                               

Општество

Општество е група на луѓе што живеат и работат заедно во полузатворен систем на меѓусебни врски и односи. Освен луѓето во општество со прецизно определени улоги се организираат и одредени животински видови. Најкарактеристични примери за тоа се општествата на пчелите, мравките, термитите.

                                               

Ацтечко општество

Пред-колумбиското ацтечко општество било комплицирано општество кое се развило кај Ацтеките во централно Мексико во периодот од пред доаѓањето на Шпанците. Културно, општеството се засновало на независните градови-држави наречени алтепетл кои пак биле поделени на мали административни единици наречени калпили. Луѓето биле поделени на две класи: благородно население и обично население. Економијата била зависна од земјоделството и од трговијата.

                                               

Фондации Отворено општество

Фондации Отворено општество, порано Институт Отворено општество - меѓународна мрежа за доделување грантови основана од стопанственикот Џорџ Сорос. Фондациите Отворено општество финансиски поддржуваат граѓански групи низ светот, со цел за унапредување на судството, образованието, јавното здравство и независните медиуми. ФОО има свои претставништва во 37 држави, вклучувајќи и група на земји и регионални фондации како Иницијативата Отворено општество за Западна Африка и Иницијативата Отворено општество за Јужна Африка. Седиштето на ФОО е во Њујорк. Од своето основање во 1993, ФОО имал трошоци ...

                                               

Светски самит за информатичкото општество

Светскиот самит за информатичко општество беше пар од спонзорираните конференции на Обедитените нации за информации, комуникации и во пошироки рамки за информатичкото општество, што се одржа во 2003 година во Женева и во 2005 година во Тунис. Една од неговите главни цели беше да се надмине т.н глобалниот дигитален јаз одвојувајќи ги богатите земји од сиромашните преку проширување на пристапот до интернет на светот во развој. Конференциите го одредија 17 мај како светски ден на информатичкото општество.

                                               

Министерство за информатичко општество и администрација на Македонија

Надлежностите на министерството се: -развојот и промоцијата на информатичкото општество; -создавањето и водењето на регистар на информационите и комуникациските системи и информатичката опрема во рамките на органите на државната управа; -интегрираната информатичка и комуникациска мрежа, базите на податоци, меѓусебното поврзување и размена на информациите, безбедносните аспекти и развојот на инфраструктурата на државните органи, правните и другите лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања; -следењето на состојбите со информациските и телекомуникациските технологии и вове ...

                                               

Бугарско општество

Бугарско општество била бугарска емигранска политичка организација, основана во Букурешт во јуни 1868 година. Бугарското општество се јавува како продолжение на ТБЦК во Букурешт. Во создавањето учествуваат и дејци на Добродетелната дружина. Меѓу членовите се Иван Касабов секретар, Димитар Ценович, Константин Чокан, Спиро Константинов и др. Печатен орган на организацијата е весникот "Народност". Во својата работа организацијата ги продолжува политичките позиции на ТБЦК и го помага бугарското револуционерното движење. Значаен е нејзиниот придонес за вооружувањето на четата на Хаџи Димитар и ...

                                               

Светски ден на телекомуникациите и информациското општество

Светски ден на телекомуникациите и информациското општество – 17 мај дефиниран од ООН кога се прославува денот на телекомуникациите и информациското општество. Целта на овој настан е да се даде помош во зголемувањето на свеста за можностите што користењето на интернетот и другите информациски и комуникациски технологии може да му го донесе на општествата и економиите, како и начинот да се премости дигиталниот јаз. 17 мај ја означува годишнината од потпишувањето на првата Меѓународна телеграфска конвенција и формирањето на Меѓународната унија за телекомуникации.

                                               

Иво Ивановски

Основното образование го завршува во ОУ "Коле Канински" - Битола. Во 2001 година дипломирал во областа на информатиката и информатичкото инженерство на државниот универзитет "Охајо Стејт" во градот Колумбус, Охајо САД. Своето образование го продолжил на универзитетот "Френклин", каде се здоби со магистерска диплома во областа на информатика во 2003 година.

                                               

Активизам

Активизам означува преземање акција со определена цел, односно спроведување на одредена активност или комбинација на акции со цел да се предизвикаат посакувани и очекувани социјални и политички последици и резултати. Како карактеристика на цивилното општество, активизмот значи неприфаќање на пасивната улога на која се сведени граѓаните во услови на претставничка демократија или на некој недемократски режим и нивно ангажирање за подигање на свеста околу некое прашање и/или влијаење врз процесот на одлучување. Активизмот може да биде насочен кон власта, кон економските центри на моќ или кон ...

                                               

Живеалиште

За значењето на овој поим во екологијата, видете Хабитат. Живеалиште е стан и/или други населени простории или објекти кои не се наменети за живеење. Живеалиштата се делат на: 1. Стан, во поединечна или станбена зграда; 2. Друга населена просторија која не е наменета за живеење во станбена зграда; 3. Населена деловна просторија ; 4. Импровизирано живеалиште ; 5. Колективно живеалиште.

                                               

Клан

Клан е група на луѓе кои се обединети според вистинско или измислено крвно сродство и заеднички предок. Роднинските врски може да бидат симболични. Во случај предокот да не е човек, тогаш е животно што всушност е тотем. Зборот доаѓа од галскиот clann што значи деца или потомство. Овој збор за првпат е употребен во англискиот јазик околу 1425 година, како етикета за природата на заедницата на Шкотските Гори. Кланови постојат во секоја земја, а нивните членови се идентификуваат со свој грб или друг вид на симбол со кој се разликуваат од останатите кланови.

                                               

Класна борба

Класната борба е борба помеѓу општествените класи кои го сочинуваат едно општество. Во основата на концептот лежи тезата дека општеството е поделено на класи и дека помеѓу класите може да постои класна соработка или класна борба. Застапниците на класната борба, инсистираат на тврдењето дека класната соработка, во најмала рака долгорочно, е во корист само на експлоататорската класа и дека всушност експлоататорската класа, иако го прикрива тој факт, сепак води класна борба против експлоатираната класа. Поради тоа, застапниците на класната борба инсистираат на потребата и експлоатираната клас ...

                                               

Мир

Мир е состојба кога на некоја територија не се води војна. Повеќето војни резултираат со некаков мир, најчесто неповолен за поразените. Сепак, постојат и војни кои завршиле со тотално уништување на поразениот

                                               

Мултикултурализам

Концептот на мултикултурализмот во неговото дескриптивно значење е нашироко прифатен. Да се каже дека некое општество е мултикултурно, значи да се посочи на културното различје на тоа општество. Таквата употреба на концептот е еднаква на значењето на културниот плурализам. Нормативното значење на мултикултурализмот се однесува на можните начини на општествена организација, која за свој принцип го има културното различје. Во контекст на политичко-правната теорија, посебно во рамките на либералната теорија, мултикултурниот дискурс се темели на премисата дека малцинските култури, односно начи ...

                                               

Номади

Номади се заедница на луѓе кои се движат од едно до друго место и немаат постојано место на живеење. Денес, во светот постојат околу 30 до 40 милиони номади. Многу култури и заедници биле номадски, но денес номадските народи се среќаваат ретко поради индустријализацијата на светот. Има три вида на номади: номади што се преселуваат поради трговија, и номади што се преселувале поради пасишта. номади што се преселуваат поради ловење,

                                               

Општествена класа

Општествена класа, според Владимир Илич Ленин, е голема општествена група која се разликува од другите класи според своето место во историски определен систем на општествено производство, според својот однос кон средствата за производство, според својата улога во општествената организација на трудот и, според тоа, според начинот на добивањето и големината на делот од општественото богатство со кое располага. Поделбата на општеството на класи не е општоприфатено гледиште, иако таа има голем број застапници, особено помеѓу марксистите и анархистите. Според приврзаниците на теоријата за класн ...

                                               

Осудено лице

Осудено лице е личност која починила одредена противзаконска работа и за тоа од страна на судот во правната постапка правосилно осудено со законски предвидена казна. Казната може да биде затворска казна, условна затворска казна, парична казна или некоја мерка, која судот ја изрекува како личноста ви се одвикнала од правење кривични дела и генерално рпевентивно да делува на другите да не сторат некое друго кривично дело. Најтешка пресуда за поединец е затворската казна со која на одредено време таа личност е лишена од слобода, или поточно, му се ограничува слобода со престој во затворска ус ...

                                               

Племе

Племе е форма на голема човечка заедница што постои надвор од или пред појавата на државите, чии членови зависат од нивната земја, во најголем дел се доволни самите на себе, па не се интегрирани во општеството. Британскиот антрополог Стивен Кори племето го дефинира како заедница на луѓе кои "живеат на одреден начин со генерации, независни се, и сосема се разликуваат од општеството што доминира". Исклучок од оваа дефиниција се земјите од Среден Запад како арапските племиња во Ирак и Јемен, Јужна Азија, Авганистан и многу африкански земји како Јужен Судан, каде целото население се припадници ...

                                               

Општествена подвижност

Општествената подвижност е степенот до кој се менува статусот на семејството на кое било лице или група во текот на животот преку системот на општествена хиерархија или општествена стратификација. Општествената подвижност исто така е и нивото кое може или не може да се достигне во класниот систем од страна на потомците на некое лице или група. Одредено лице или цело семејство може да достигне високо ниво во општествените класи или пак може да достигне многу ниско ниво во општествените класи, врз основа на достигнувањата или факторите кои се во рамките на нивната контрола. Тоа е социолошки ...

                                               

Полигамија

Полигамија е брачна врска од една личност со повеќе сопрузи или сопруги. Постојат три специфични видови на полигамија: полиандрија и полигинија, и групен брак. Спротивноста на полигамија е моногамија. Полигинија е најчестиот вид на полигамија. Во традиционалната смисла и денес се применува во многу африкански култури, вклучувајќи Јужна Африка, и поголемиот дел на јужна и средишна Африка. Братска полиандрија традиционално се применувала меѓу номадските тибетски племиња, како и во Непал, и делови на Кина. Оваа врста на полиандрија значи дека два или повеќе браќа делат една жена. Не-братска п ...

                                               

Општествен поредок

Општествениот поредок е концепт кој се користи во социологијата, историјата и други општествени науки. Се однесува на група општествени структури, општествените установи и општествените практики кои разменуваат, одржуваат и спроведуваат" нормални” начини за поврзување и однесување. Општествениот поредок претставува релативно стабилен институционален систем, структура на интеракција и обичаи кој може да ги обезбеди неопходните услови за опстанок. Овој концепт се однесува за сите факти на општеството кои со тек на време остануваат константни. Овие услови би можеле да вклучат имот, односи на ...

                                               

Работничко самоуправување

Работничко самоуправување бил систем на управување со претпријатијата и другите установи во ФНРЈ од страна на самите вработени. Во комунистичките економии управувањето и планирањето на економијата не се одвивало според пазарни услови и со потполна автономија на економските субјекти, туку напротив, преку централизирано планирање и управување со секој деловен субјект посебно од страна на централната администрација. Ваквиот начин на управување со економијата се покажал како гломазен и неефикасен, особено во постарите комунистички општества, како СССР. Системот на работничкото самоуправување б ...

                                               

Репродукција

За биолошка репрoдукција, видете размножување Репродукција e од латински re + pro + ductus. Pro+Duct - прозивод, направа Pro - за или кон, накај, насочено кон. Pro+Ductia - прави производи, произведува Ductus или duct - води, водство, вод. Re+Pro+Ductia - повторно создавање, создавање на исти нешта од почеток, повторено правење на еднаков примерок, размножување. Во употреба ќе сретнеме: Работиме колку за проста репродукција - без заработка но и без загуба, да се подмират трошоците, но нема заработка. Купив репродукција од една слика од Мартиновски, масло на платно - друг сликар нацртал сли ...

                                               

Федерација

Федерација лат. foedus = собир е државна заедница која се состои од одреден број делумно самоуправни држави или региони обединети во централна "федерална" влада. Во федерацијата статусот и нивото на самоуправа на државите-членки се вообичаено загарантирани со уставот и не можат да бидат еднострано укинати или променети. Република Македонија била сојузна држава во составот на Федеративна Југославија од 1944 до 1991.

                                     

ⓘ Општество

  • правилата на хералдиката, којшто служи за разликување на одделно лице, род, општество институција, град, област, народ, држава, корпорација, стопанска или
  • создавање на социјалистичко општество и укинување на класите. Државата не е неизбежна карактеристика на секое општество Така, првобитната заедница беше
  • неволшебничкото општество нормалните Дејството во серијалот е сместено во современа Велика Британија, но под вел и во одделно општество под сенка во кое
  • промени кои го формираат прифатливото однесување на членовите на едно општество Карактеристичниот начин на однесување на поединецот не претставува културна
  • не побаруваа претходно знаење на јазикот што се зборува. Секое човечко општество поседува јазик, особина што од многу луѓе е карактеризирана како уникатна
  • вид на скали. Пирамидите биле центар на мајанската религија, култура и општество и симбол на моќ и надвласт. Познати такви пирамиди се Чичен Ица, Тикал
  • програмата на Владата на Република Македонија во областа на информатичко општество преку кој се обезбедуваат бесплатни семрежни интернет услуги и приближување
  • еден писател може да има голем удел во културната содржина на неговото општество Автор Колумнист Пишување Есеист Список на писатели Литературен жанр Сценарист
  • задоволуваат социјално - животните и идејно - уметничките потреби и барања на едно општество Занимавање со архитектура значи обезбедување услуги поврзани со проектирање
                                               

Министер за информатичко општество и администрација на Македонија

Министер за информатичко општество и администрација - прв човек во министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, институција која била основана во 2008 година. Моментален министер за информатичко општество и администрација е Дамјан Манчевски. Партија ВМРО-ДПМНЕ СДСМ

Мајанско општество
                                               

Мајанско општество

Мајанското општество споделува голем број на карактеристики со општествата во регионот на Средна Америка поради големиот степен на соработка помеѓу нациите. Иако мајанскиот календар и мајанското писмо не потекнуваат од Маите, тие го усовршиле и користеле.

                                               

Робовладетелско општество

Робовладетелското општество e oпштествена формација која настанала и се развивала од првобитната заедница. Со развитокот на производните сили и поделбата на трудот се појавува вишок на производи кој овозможува приватна сопственост и појава на класи, со што класата сопственици ќе живее на сметка на вишокот што го создава потчинетата класа, која и самата била третирана како орудија за производство.

                                               

Првобитно општество

Првобитното општество или првобитна заедница е општествено - економска формација која се карактеризира со општествени односи на соработка и заемно помагање, при крајно примитивни производствени сили. Долг временски период кој се протега од самите почетоци на појава на општествен начин на живеење, до времето кога во одделни конкретни општества се појавува експлоатацијата и се создаваат државите. Се дели на два периода: дивјаштво и варварство, а тие на по три степени - низок, среден и висок.

                                               

Децентрализација

Децентрализацијата е поим кој е определен како префрлање на надлежностите од централната управа – Влада, кон општините и заедниците на локалната самоуправа со цел да се стимулира нивната работата и да се поттикне развитокот на регионално ниво.

                                               

Потомство

Потомство - нови единки на еден биолошки вид, деца, младенчиња. Потомство на мажот и жената се децата, на коњот и кобилата е ждребето, на петелот и кокошката е пилето и така натаму.

Users also searched:

...
...
...