Back

ⓘ Драган Димитровски. Димитровски е роден во Скопје во 1934 година. Дипломирал математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 година, а докторира ..




                                     

ⓘ Драган Димитровски

Димитровски е роден во Скопје во 1934 година. Дипломирал математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 година, а докторирал во 1968 година на тема "Прилог кон теоријата на обоп­штените аналитички функции". За асистент на ПМФ бил избран во 1960 година. Доцент станал во 1968 година, вонреден професор од 1973 година, а редовен професор од 1981 година. Бил продекан на Природно-математичкиот факултет од 1974 до 1976 година како и шеф на Институтот за математика од 1993 до 1997 г.

Во својата 43-годишна наставна кариера држел предавања и вежби по 14 предмети, на сите шест институти на ПМФ, за студенти од прва до четврта година. Одржувал настава и по три предмети на постдипломските студии на институтите за биологија и географија. Вовел и нови предмети: математика за биолози, математика за географи, парцијални равенки. Оформил 7 доктори на науки, 6 магистри и околу 200 дипломци - професори по математика и информатика. Организатор е на математички собири и конгреси и долго време ја водел издавачката дејност на Природно-математичкиот факултет, на Институтот за математика и на Друштвото на математичарите и физичарите на Македонија, за кои издал 40 тома публикации. Во областа на науката се занимава со диференцијални равенки и функции од комплексна променлива. Автор е на 120 научни и стручни трудови печатени во земјата и во странство, на 10 книги, од кои 6 оригинални научни монографии. Во македонската математичка средина вовел области како што се ареоларните равенки, обопштените аналитички функции, равенките на Векуа, обопштените тригонометрии, и го форсира современиот метод на итерации како многу надежен во сите видови равенки - алгебарски, диференцијални, парцијални, интегрални. Многу соработува со помлади кадри и интензивно помага во нивното научно усовршување. Во подолг период 1993-1997 ја извршуваше функцијата шеф на Институтот за математика, при што домаќински се грижеше за наставните, материјалните и техничките потреби на Институтот.

Носител е на Орден на трудот со златен венец и на две воени одликувања. Работејќи на сите шест институти на ПМФ, имал влијание врз формирањето на голем број генерации студенти на нашиот Природно-математички факултет.

                                     
  • природен број што следи после бројот 121 а претходник на бројот 123. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 139 а претходник на бројот 141. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 119 а претходник на бројот 121. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 143 а претходник на бројот 145. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • 1995 до 1998 година, функцијата уредник на Фокус ја извршувал Зоран Димитровски а од 1998 до 2002 година - Теофил Блажевски, додека во 2003 година оваа
  • природен број што следи после бројот 192 а претходник на бројот 194. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 141 а претходник на бројот 143. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 147 а претходник на бројот 149. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 127 а претходник на бројот 129. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје
  • природен број што следи после бројот 145 а претходник на бројот 147. Драган Димитровски Весна Манова Ераковиќ, Ѓорѓи Маркоски: Математика I, УКИМ, Скопје

Users also searched:

...
...
...