Back

ⓘ Институт за јавно здравје е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Институтот е важна мултидисципл ..




Институт за јавно здравје
                                     

ⓘ Институт за јавно здравје

Институт за јавно здравје е институција на Република Македонија која има фунција заштита и превентива на населението од болести. Институтот е важна мултидисциплинарна, научна и наставна установа, која дејствува во областа на превентивната медицина во Македонија со тендеција да прерасне во референтна и меѓународно стручно призната институција.

                                     

1. Историја

Бил формиран како Завод за тропски болести во Скопје, на 10 јануари 1925. Потоа бил преименуван како Хигиенски завод, чија функција била заштита и унапредување на здравјето на луѓето. Формиран бил под покровителство на д-р Andrija Štampar и со учество на Рокфелеровата фондација во Скопје. Оваа медицинска установа од превентивен карактер дејствувала во услови кога главно обележје на националната патологија во тој период биле заразните болести.

Во времето на Втората светска војна постоел под името Областен хигиенски институт во Скопје 1941-1945, а потоа под името Бактериолошко-хемиски институт. Од 1953 година функционирал како Централен хигиенски завод - Скопје, а од 1962 е преименуван во Републички завод за здравствена заштита.

Во 2010 е преименуван во Институт за јавно здравје на Република Македонија.

                                     

2.1. Организациона структура Регионални заводи

РЗЗЗ се состои од 10 општински заводи, со кои се опфаќа целата територија на Македонија:

  • ЗЗЗ Струмица
  • ЗЗЗ Кочани
  • ЗЗЗ Штип
  • ЗЗЗ Битола
  • ЗЗЗ Прилеп
  • ЗЗЗ Охрид
  • ЗЗЗ Велес
  • ЗЗЗ Тетово
  • ЗЗЗ Куманово
  • ЗЗЗ Скопје
                                     

2.2. Организациона структура Сектори

РЗЗЗ има 5 сектори и тоа:

  • Сектор за епидемиологија и микробиологија кој ја води, ја обединува и координира епидемиолошко-микробиолошката дејност во републиката и укажува стручно-методолошка помош. Составен е од 5 одделенија

1. одделение за заразни болести,

2. одделение за тропски и карантински заболувања и СИДА,

3. одделение за вирусологија,

4. одделение за бактериологија и

5. одделение за паразитологија

  • Сектор за хигиена и заштита на човековата околина кој претставува статутарно определена организационо-техничка единица на Републичкиот завод за здравствена заштита. Стручната активност на овој сектор претставува основна карика на националната политика во областа на превентивно-медицинската, пред сè здравствено-еколошката дејност во Македонија. Функционирањето на секторот се одвива преку следните организациони единици

1. Одделение за радиациона дозиметрија

2. Одделение за хигиена на води и комунална хигиена

3. Одделение за испитување на здравствена исправност на водите

4. Одделенбие за хигиена на исхрана

5. Одделение за контрола на квалитет на прехранбени производи

6. Одделение за контаминети и екотоксикологија

7. Одделение за испитување на здравствената исправност на предмените за општа употреба

8. Одделение за радиоекологија

9. Одделение за медицина на трудот

10. Одделение за храна и диететско советувалиште

  • Сектор за социјална медицина чија дејност е остварување на програмски, научно-истражувачки и воспитни активности. Се состои од 5 одделенија

1. Одделение за организација, планирање и развој на здравствената дејност

2. Одделение за здравствена статистика и информатика во здравството

3. Одделение за здравствено воспитание, историја на медицината и публицистика

4. Одделение за економика во здравствотo

5. Одделение за контрола и превенција на повреди и насилство

  • Сектор за контрола и испитување на лекови кој врши лабораториски испитувања хемиски, микробиолошки и биолошки на лекови, помошни лековити средства и медицински помагала. Составен е од 6 одделенија

1. административен дел

2. одделение за регистрација

3. физико-хемиска лабораторија

4. биолошка лабораторија

5. микробиолошка лабораторија

6. биохемиска лабораторија

  • Сектор за правно и финансиско работење


                                     
  • обука Флорика со цел да посетува курсеви за јавно здравје на Универзитетот Харвард, Думитру за да стекне знаење за новите техники на неврохирургија од пионерот
  • акупунктурата и конвенционалната медицина. Во изјавата на Националниот Институт за Здравје 1997 за развојот на акупунктурата се вели дека акупунктурните точки
  • Sciences GMS Училиште за Стоматолошка Медицина Голдмен - Goldman School of Dental Medicine SDM - 1963 Училиште за Јавно Здравје - School of Public Health
  • бидејќи: Турските офицери и интелигенција јавно истакнувале дека на војската треба да и се дадат одврзани раце, а за жестокост во пресметка со востаниците
  • чекорат со милји за да го најдат најблискиот извор, сега имаат чиста вода близу нивните домови. Водата е живот, а чистата вода значи здравје за децата во ова
  • притисок на бугарската влада, првите двајца со Декларација на ЦК на ВМРО јавно се откажале од своите потписи. Тодор Александров бил убиен на 31 август
  • Последните дваесет години од нејзиниот живот ги поминува со многу кревко здравје Боледува од гастроинтестинални проблеми и проблеми поврзани со болеста
  • применувал изразено поедноставување на формите во неговите дела. Кога неговото здравје било кревко во последните години од животот, создал значајни дела со примена
  • Сандански, Македонски научен институт Софија, 1946 Јане Сандански и македонското национално ослободително движење, Институт за национална историја, Скопје
  • бр.287. Тоа било во периодот кога нивната мајка со нарушено ментално здравје како резултат на психоза и сифилис, два месеца престојувала во душевната
  • градоначалникот со необврзувачки мислења за голем спектар на теми животна средина, градежништво, јавно здравје локални пазари и да ги извршуваат функциите

Users also searched:

...
...
...