Back

ⓘ Руски јазик. Рускиот е источнословенски јазик, од групата на словенски јазици од семејството на индоевропски јазици. Рускиот јазик е мајчин јазик на Русите, и н ..




                                               

Ирина Токмакова

Ирина Петровна Токмакова ― советски и руски писател на книги за деца, поет, драмски писател и преведувач на класична книжевност за деца на руски јазик. Особено биле познати нејзините преводи на делата на Тове Јансон, Астрид Линдгрен и Кенет Грахам. Била добитник на Државната награда на Руската Федерација за детска книжевност и на книжевната награда "Александар Грин".

                                               

Руско здружение на пролетерски писатели

Руското здружение на пролетерски писатели, познато и под неговата кратенка РАПП ― поранешен службен творечки сојуз во Советскиот Сојуз основан во јануари 1925 година. Меѓу наведените цели била "да се чисти и да се казнува" во името на Партијата", т.е. ефективно поттикнување на цензура на книжевноста врз идеолошка основа. Станала злогласна по своите ентузијастички напади врз писатели кои не одговарале на дефиницијата на РАПП за "вистински советски писател", што на крајот заработила критики од раководството на болшевичката партија. Меѓу нејзините први цели биле Евгениј Замјатин и Борис Пилња ...

                                               

Корјо-мар

Корјо-мар, или уште познат и како Корјо-мал или Горјо-мар, е корејски дијалект кој го употребуваат Корјо-сарам, етничките Корејци во поранешниот Советски Сојуз. Потекнува од хамќонгскиот дијалект и од други варијанти на североисточниот корејски јазик. Корјо-сарам често искажуваат препреки во разбирање на стандардниот корејски јазик, што станува полошо со оглед на големиот број Корјо-сарам кои го сметаат рускиот, а не корејскиот за мајчин јазик. Корјо-мар не е често присутен во медиумите и не се изучува во училиштата. Поради ова, тој се смета за загрозен јазик.

                                               

Сојуз на писатели на Русија

Сојузот на писатели на Русија ― творечки сојуз на професионални писатели во Русија. Тој е наследник на Сојузот на писатели на РСФСР, основан во 1958 година. Сојузот на писатели на Русија има 90 ограноци во регионите на Русија и другите земји.

                                               

Хиенад Бураукин

Роден е во селото Шулиацина во регионот на Витебск. Во 1959 година, тој дипломирал на Белоруски државен универзитет. За време на неговата кариера, тој бил главен дописник на Советскиот државен весник Правда во Белорусија. Во 1969 година, тој му помогнал на Зианон Пазњак да објави неколку статии за зачувување на архитектонското наследство на Белорусија. Од 1972 до 1978 година, Бураукин бил главен уредник на списанието Маладости, каде што објавил бројни прилози од Васил Бикау и Улаџимир Караткевич. Бидејќи бил член на парламентот од 1980 до 1990 година, тој бил еден од промоторите на законот ...

                                               

Емилија Пардо Басан

Емилија Пардо Басан била најважниот претставник на натурализмот во Шпанија. Нејзин пример бил францускиот натуралист Емил Зола, како и шпанските реалисти Аларкон и Хуан Валера. Напишала бројни романи, критики, есеи, патеписи, претстави, биографии, лирски дела итн. Таа исто така се залагала за правата на жените и нивната позиција во општеството.

                                               

Сулина

Сулина е град и слободно пристаниште во округот Тулчеа, Северна Добруја, Романија, на устието на растоката на Сулина на Дунав. Тоа е најисточната точка на Романија.

                                               

Естонски книжевен музеј

Естонскиот книжевен музеј ― национален истражувачки институт на Министерството за образование и истражување на Република Естонија. Неговата цел е да го подобри културното наследство на Естонија, да ги собира, зачувува, истражува и објавува резултатите. Сегашен раководител на естонскиот книжевен музеј е Урмас Сутроп.

                                               

Believe (песна на Дима Билан)

"Верувај" ― победничкиот руски претставник на Евровизија 2008 во Белград, отпеан од Дима Билан. Песната била компонирана и напишана од Џим Бинц и Дима Билан. Претходно, Билан ја претставувал Русија и на Евровизија во 2006 година, со темната поп-песна "Never Let You Go", каде го завзел второто место.

Руски јазик
                                     

ⓘ Руски јазик

Рускиот е источнословенски јазик, од групата на словенски јазици од семејството на индоевропски јазици. Рускиот јазик е мајчин јазик на Русите, и национален јазик на Русија. Јазикот е службен и во Белорусија, Украина, Казахстан и Киргистан, а се зборува на високо ниво во сите држави од поранешниот Советски Сојуз. Рускиот јазик потекнува од староисточнословенскиот јазик и денес е најголем словенски јазик во светот со 150 милиони говорници. Јазикот се пишува на кирилица, поточно на руската азбука.

Рускиот е најраспространет јазик во Евроазија. Исто така, рускиот е најголем мајчин јазик во Европа и осми најголем јазик во светот по бројот на луѓе чиј овој јазик е мајчин, а петти по вкупниот број на говорници. Рускиот јазик е еден од шестте официјални јазика на ООН.

Рускиот јазик има богата историја и на него се испишани едни од најголемите светски книжевни дела. Рускиот јазик бил мајчин јазик на писатели од рангот на Достоевски, Толстој, Тургенев, Пушкин или Булгаков.

                                     

1. Статус

Рускиот јазик е службен јазик во Русија, каде е и национален јазик. Исто така, рускиот јазик е службен и во Белорусија покрај белорускиот, во Казахстан покрај казашкиот, во Киргистан покрај киргискиот, во Приднестровие, Јужна Осетија и Абхазија. Во Украина јазикот не е службен, но има статус на регионален или малцински јазик со мал, општински, службен стгатус. Рускиот јазик е службен јазик во ООН. Образованието на руски јазик е сè уште популарно во и надвор од Русија, поточно на просторот на поранешниот Советски Сојуз. Сè уште, во овие простори, се смета дека важно е децата да го научат јазикот. Значително руско население има и во Латвија и Естонија, но не е признат како малцински или службен јазик. Рускиот јазик е еден од двата официјални јазика во Меѓународната вселенска станица. Астронаутите на НАСА кои служат заедно со руските најчесто посетуваат часови по руски јазик. Оваа пракса потекнува уште од 1975 година.

                                     

2. Правопис

Рускиот правопис е делумно фонетски. Всушност, самиот правопис е еден баланс меѓу фонетскиот, морфолошиот, етимолошкиот и граматичкиот систем. Моменталниот правопис на рускиот јазик потекнува од драстичните јазични промени од 1918 година, а кодифицирани во 1956 година. Во 1990-те имало мали промени во самиот правопис, но не биле прифатени.

                                     

3. Примери

  • Всего доброго - Сѐ најдобро
  • У меня всё хорошо - Добар сум
  • Вы говорите? - Дали зборувате.?
  • Как ты? рамките на значењето на "Как у тебя дела?" ; неофицијално - Како си?
  • Доброе утро - Добро утро
  • До свидания - Довидување
  • Простите! - Простете!
  • Извините! официјално - Извинете!
  • С днём рождения! - Среќен роден ден!
  • Благодарю официјално и неофицијално - Благодарам
  • Который час? - Колку е часот?
  • Что делаешь? неофицијално - Што правиш? Како си?
  • Привет неофицијално - Здраво
  • Добрый вечер - Добро вечер
  • Пожалуйста - Молам
  • Извини! неофицијално - Извини.
  • Что делаете? официјално, уште множинската форма - Што правите? Како сте?
  • Спокойной ночи - Добра ноќ
  • Спасибо - Фала
  • Пока неофицијално - Пријатно
  • Добрый день - Добар ден
  • Как вы? рамките на значењето на "Как у вас дела" ; официјално, уште множинската форма - Како сте?
.по-английски - англиски.по-болгарски - бугарски.по-македонски - македонски.по-сербски - српски.по-гречески - грчки.по-французски - француски.по-немецки - германски.по-итальянски - италијански.по-испански - шпански
  • Увидимся завтра рамките на значењето на "До завтра" - Ќе се видиме утре
  • Скоро увидимся - Ќе се видиме наскоро
  • Может быть рамките на значењето на "Возможно" - Можеби
  • Да - Да
  • Нет - Не


                                     

4. Надворешни врски

  • Основни курсеви по руски јазик
  • Национален корпус на рускиот јазик
  • "Learn Russian - Speak Russian" група на Фејсбук
  • Часови по руски јазик на YouTube
  • Институт за рускиот јазик
  • Руски јазик - Проект "Отворен директориум" англиски
                                     
  • примарно живеат во Русија и соседните земји Россијане россияне терминот руски јазик за сите граѓани и луѓе од Русија, без оглед на етничката припадност Русофон
  • Руска Википедија е издание на Википедија на руски јазик дел од Фондација Викимедија. Википедија на руски
  • стандардниот руски Чеченски руски Дагестански руски Дагестански руски руски Дагестанский русский е регионална разновидност на руски јазик што се зборува
  • Јакути или Сахаци. Јакутскиот јазик е службен јазик во руската република Јакутија покрај федералниот руски јазик Јакутскиот јазик е дел од подгрупата североисточни
  • јазик - богослужбен јазик и неговата најчеста форма денес е руска редакција на старословенскиот јазик Црковнословенскиот јазик е богослужбен јазик на
  • во Украина, украинскиот јазик се задржал да се зборува само во западна и централна Украина. Денес во Киев се зборуваат и руски и украински, а во минатото
  • српскохрватскиот јазик формирале нови, со многу мали разлики, јазици како што се: српски јазик хрватски јазик босански јазик и црногорскиот јазик за кој има
  • јазици на казашкиот јазик се ногајскиот јазик и каракалпачкиот јазик Главно писмо за пишување на јазикот е кирилицата. Казашкиот јазик се зборува воглавно
  • Молдавскиот јазик limba moldovenească, лимба молдовеняскэ е името на службениот јазик во Молдавија кој според најголем број јазичари е дел од романскиот

Users also searched:

...
...
...