Back

ⓘ Просторен план на Република Македонија се донесува за територијата на целата држава и претставува стратегија за просторен развој на Републиката, кој дава насоки ..




                                     

ⓘ Просторен план на Република Македонија

Просторен план на Република Македонија се донесува за територијата на целата држава и претставува стратегија за просторен развој на Републиката, кој дава насоки за намената, користењето, заштитата, организацијата, уредувањето и управувањето со просторот на државата.

Во Просторен план на Република Македонија се врши планирање на просторот за период од најмалку петнаесет години.

Генералните урбанистички планови мора да бидат во согласност со даденостите од Просторниот план.

                                     

1. Содржина

Просторниот план на Републиката содржи:

  • мрежа на населени места;
  • просторна разместеност на сообраќајна и друга инфраструктура;
  • мерки за заштита на недвижното културно наследство;
  • параметри за спроведување на планот и соодветни графички прикази.
  • насоки и мерки за заштита и унапредување на животната средина и природата;
  • насоки за уредување и користење на просторот;
  • основна намена на земјиштето;
  • просторна разместеност на градбите од стопанството и нестопанството;
  • мерки за заштита од природни и технолошки катастрофи и хаварии;
  • мерки за заштита од воени разурнувања;
  • стратешка проценка на влијанијата врз животната средина;

Просторниот план на Републиката се разработува преку просторен план на регион и просторен план за подрачје од посебен интерес за Републиката.

                                     

2. Методологија за изработување на Просторниот План

За изработување на Просторниот план, Владата на Република Македонија донесува годишна програма за финансирање на предлог на Министерството за животна средина и просторното планирање. Изработката на Просторниот план се финансира директно од Буџетот на Република Македонија.

За изработката на Просторниот план на Републиката е надлежна специјализирана државна институција, односно Агенцијата за планирање на просторот, формирана од Владата на Република Македонија.

Откако Агенцијата ќе го изработи предлог-планот, се врши стручна ревизија на планот од страна на стручна комисија што ја формира министерот за животна средина и просторното планирање и е составена од членови од стручно-научни институции, истакнати научни и стручни работници од областа на просторното и урбанистичко планирање и од други области суштествени за изработка на планската документација.

По завршувањето на расправата, предлог-планот се доставува до Собранието на Република Македонија, кое е државниот орган надлежен за донесување на планот. Собранието спроведува стручна расправа со учество на стручна јавност, претставници на органите на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, институции надлежни за заштита на недвижното културно наследство, научно-стручни институции, комуналните претпријатија и невладини организации. По расправа, планот се изгласува или не се изгласува.

Донесениот Просторен план на Републиката се заверува во четири примероци од кои еден се чува во архивот на Собранието, еден во Државниот Архив на Република Македонија, еден се доставува до Министерството за животна средина и просторното планирање и еден се доставува до Министерството за транспорт и врски.

                                     
  • Просторниот план на Република Македонија е копија од графичкиот дел на Просторниот план на Република Македонија кој се однесува на дел од територијата на Република
  • урбанистички план е изработен според Просторниот план на Република Македонија Просторен план на Република Македонија Закон за просторно и урбанистичко планирање
  • на планирањето, Законот за просторно и урбанистичко планирање на Република Македонија предвидува донесување на следниве планови: 1 Просторен план на Република
  • донесува просторен план на Републиката, ратификува меѓународни договори, одлучува за војна и мир, донесува одлуки за менување на границите на Републиката
  • прописи што ги донесува Собранието да предлага просторен план на Републиката да предлага одлука за резервите на Републиката и се грижи за нивно извршување
  • средина и просторно планирање. 2016. стр. 184. Посетено на 2 февруари 2021. Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 нацрт PDF Скопје:

Users also searched:

...
...
...