Back

ⓘ Мало претпријатие. Со цел да се подобри пристапот кон претприемништвото во Европската Унија, да се поедностави законската и политичката средина за малите и сред ..




Мало претпријатие
                                     

ⓘ Мало претпријатие

Со цел да се подобри пристапот кон претприемништвото во Европската Унија, да се поедностави законската и политичката средина за малите и средни претпријатија, како и да се отстранат сите останати пречки за нивниот развој донесен е Актот за мали претпријатија за Европа. Тој претставува сеопфатна рамка за политиката на Европската Унија кон малите и средни претпријатија. Главните приоритети на актот се:

  • пристап до пазари и интернационализација.
  • помал регулаторен товар;
  • пристап до финансии; и
  • промовирање на претприемништвото;

Актот не е законско барање, туку водич кон низа мерки коишто секоја земја треба да ги воведе - прилагодени на нејзините потреби - на патот кон усогласување со законодавството на Европската Унија. Актот за мали претпријатија се потпира на десет принципи со чиешто имплементирање земјите членки на Унијата ќе се справат со пречките кои го ограничуваат потенцијалот за раст на малите и средни претпријатија. Тие десет принципи се:

  • Претприемништво: создавање околина во која претприемачите и семејните претпријатија ќе можат да напредуваат, а претприемништвото да се наградува.
  • Единствен пазар: помагање на малите претпријатија да искористат повеќе од можностите кои ги нуди единствениот отворен пазар.
  • Вештини и иновации: промовирање на сите видови иновации и зголемување на вештините на работната сила во малите претпријатија.
  • Одговорна администрација: јавната администрација да одговара на потребите на малите и средни претпријатија.
  • Интернационализација: охрабрување на малите и средни претпријатија да го искористат растот на глобалните пазари и давање на поддршка во реализација на оваа цел.
  • Опкружување: овозможување на малите претпријатија да ги преобразауваат предизвиците од окружувањето во економски можности.
  • Втора шанса: да им се овозможи втора шанса за успех на искрени претприемачи кои доживеале неуспех.
  • Пристап до финансии: олеснување на пристапот до финансии на малите и средни претпријатија и развој на правно и деловно окружување погодно за нивните посебни барања.
  • Државна помош и јавни набавки: прилагодување на алатките на јавната политика да одговараат на потребите на малите и средни претпријатија, како и олеснување на нивното учество во јавните набавки и подобар пристап до државната помош наменета за мали и средни претпријатија.
  • Прво мисли како мал: проектирање на правила за малите и средни бизниси според овој принцип.
                                     

1. Користена литература

  • "Закон за трговски друштва", Службен весник на Република Македонија, бр. 28/04.
  • Stefanović I., Milišević D. and Miletić S. 2009. "Significance and development problems of SMEs in contemporary market economy", Serbian Journal of Management, 4 1, pp. 127–136.
                                     
  • преведено како здружение на компании заеднички вложувања заедничко претпријатие или заеднички потфат Но, општо земено, терминот акционерско друштво
  • своевремено, Јохан не ги украл парите од мајка му, туку дека семејното претпријатие било во лоша финансиска состојба, а тој не направил ништо за да ги спречи
  • делегат на Првото заседание на АСНОМ, како и прв директор на градежното претпријатие Карпош Митре Инадески - првоборец, учесник и автор на неколку книги
  • претпријатие во Германија Hochtief AG, како и Aldi Nord, Evonik Industries, Arcandor AG, Medion AG и Deichmann, најголемиот трговец со чевли на мало во
  • интернет. Познатите филмски компании, како што е најголемото германско кино - претпријатие Рих - Груп и ТВ - каналите како што се ВДР, ЗДФ и КВЦ се исто така сместени
  • секогаш дава можност за реалокација на средствата, од едно во друго претпријатие а со тоа хартиите од вредност ги менуваат своите сопственици. Преку
  • систем на работа. Ова влева надеж за успешноста на работењето на новото претпријатие во франпгазинг - системот. Тука е и предноста во давањето на know - how во
  • Втората светска војна во повеќе наши градови нема ниту едно индустриско претпријатие Во градовите се вршеле само дејностите: занаетчиство и трговија. Денес
  • Проектот за планината Мукондо, управуван од Централно Африканското претпријатие за рударство и истражување ЦАПРИ во покраината Катанга, е можеби најбогат

Users also searched:

бизнис и менаџмент факултет, карактеристики на мали и средни претпријатија, мали бизниси, што е бизнис, успеси и неуспеси на малиот бизнис,

...
...
...