Back

ⓘ Живот - со шахот е шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на ..




Живот - со шахот
                                     

ⓘ Живот - со шахот

Живот - со шахот е шаховска книга, дело на поранешниот советски и унгарски шахист Андор Лилиентал. Делото претставува збирка од 60 партии, одиграни од страна на авторот, до периодот во кој е напишана книгата. Ова дело се појавува и е предмет на споредба со Моите 60 незаборавни партии на Фишер, не само поради бројот на партии, туку и поради пристапот во анализата на партиите, нивниот избор и разновидноста која ја нудат овие 60 партии, во поглед на отворањата, комбинациите во средишницата и големиот број на мотиви, коишто се јавуваат. Книгата е напишана на руски јазик во 1969 година.

                                     

1. Содржина

Делото е поделено на три поглавја, при што последното претставува систематски преглед на отворањата одиграни во партиите.

Првото поглавје претставува автобиографија, која на читателот му овозможува да се запознае со дотогашниот живот, мислењето за шахот и стилот на игра на авторот.

Второто поглавје содржи анализа на шеесетте партии одиграни од страна на авторот во периодот до составувањето на оваа збирка. Меѓу нив, анализирани се партии против 5 светски прваци и шахисти кои своевремено бле во шаховскиот врв, како Рихард Рети, Савели Тартаковер, Мигел Најдорф, Марк Таиманов и други. Неколку од нив биле прогласувани и за најдобри партии на турнирите на кои биле одиграни. За разлика од многу други шаховски книги, кои содржат само победи на авторот на тоа дело, во ова дело, авторот анализирал и 1 пораз против Алехин и 2 реми партии против Алехин и Флор.

Во партиите, Лилиентал одиграл 15 различни отворања, што доволно зборува за неговата разновидност во играта и успешноста на секое одиграно отворање. Најголем број од анализираните партии се развиле по настанувањето на Нимцовичовата одбрана и Староиндиската одбрана, која му овозможува на авторот да се вброи меѓу ретките кои го играле ова отворање со толку голем успех во турнирските партии со најдобрите шахисти во светот. Само 2 партии започнале со Сицилијанска одбрана.

                                     

2. Стил на пишување

"Живот - на шахот" е дело, кое како што вели авторот ја нуди можноста, веќе еднаш човек да се запознае со оваа мудра игра шахот. Естетско делото е одлична литература за љубителите на шахот, која овозможува лесно читање и брзо навлегување во суштината на партиите. Сите партии се нумерирани и воведени со отворањето со кое започнуваат. Сите партии се поткрепени со дијаграми, на кои се претставени сите настанати критични позиции, на позначајните и поефектни партии, авторот дал и подетална анализа.

                                     
  • Шахот побегнал на остров на каспискиот брег, каде живеел до крајот на неговиот живот При инвазијата на Трансоксанија во 1219 - 20 година заедно со монголската
  • се омажи со француската новинарка Мари - Лаур Жермон. Нема шпекулации дека интересот во шахот меѓу човкот и компјутерот резултира со гордост, со мечот во
  • со Вишванатан Ананд на LatestChess.com 2007 Time magazine Историја на шахот од Вишванатан Ананд Почетнички часови од Вишванатан Ананд Интервју со
  • Максим Кузнецов е единствениот освојувач на Купот Стенли од Казахстан. Шахот има прилично високо ниво на развој во градот. Градот е домаќин на бројни
  • извонредни достигнувања во тренирањето. Шахот се смета дека потекнува од Индија, повторно добива на популарност со порастот на бројот на индиски велемајстори
  • и на турнир во Рио де Жанеиро. Откакао завршила Втората светска војна, шахот повторно станал популарен во меѓународни рамки и централното место на шаховските
  • хумористични, но исто така беа внимателно избрани да бидат релевантни за шахот и позицијата во играта. Ha - ole Ha - Yored le - Chayenu 1951 Thousand of Gadia
  • својот живот Легал останал втор најдобар шахист во Париз. Околу 1750, Легал де Кермур во партијата против Сен Брие, одиграна во Париз, победил со познатиот
  • Тамерлановото владеење со Персија, во оваа област бил измислен т.н Тамерланов шах, кои е стратешка игра на табла слична на шахот и потекнува од чатурангата
  • совршенство, одбивањето да зборува за своите филмови и оддалечувањето од јавниот живот Тој секогаш имал потполна контрола врз своите филмови и ги правел на свој

Users also searched:

...
...
...