Back

ⓘ Лекар или доктор – специјалист по медицина. Лекарот е стручно лице кој практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравје ..




                                               

Варшини Пракаш

Варшини Пракаш - климатски деец и извршен директор на Движењето "Изгрејсонце", организација 501 која ја ко-основала во 2017 година. Во 2019 година била вклучена во списокот на Time 100 како една од 100-те највлијателни личности за годината и била носител на наградата на Клуб Сиера Џон Муир истата година.

Лекар
                                     

ⓘ Лекар

Лекар или доктор – специјалист по медицина. Лекарот е стручно лице кој практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравјето преку проучување, дијагностицирање и лекување на болести, повреди и други физички и ментални нарушувања. Лекарите може да ја фокусираат нивната пракса врз одредени категории на болести, видови на пациенти и методи на третман, познати како специјалности, или да ја насочат нивната одговорност на обезбедување континуирана и сеопфатна медицинска грижа за поединци, семејства и заедници - позната како општа пракса. Медицинската пракса бара детално познавање на академските дисциплини, основните болести и нивниот третман, но исто така бара и компетенции во примена на овие знаења во практиката – знаење и умеење на медицината.

Улогата на лекарот и значењето на самиот збор варираат во целиот свет. Потребните квалификации варираат во голема мера, но постојат некои општи елементи, како што е медицинската етика која бара лекарите да покажат внимание, сочувство и добронамерност за своите пациенти.

Во Македонија доктор станува лице кое завршило медицински факултет чие траење е 6 години по чие завршување се стекнува со звање "доктор по медицина". Како и во многу други држави за да може лицето самостојно да работи предуслов е да добие лиценца за што треба да полага стручен испит.

После студиите можно е да се продолжи со специјализација за одредена специјалност. Специјализацијата трае од 4 до 6 години во зависност од гранката на специјализација.

                                     

1. Опис на работата

Докторите се бават со унапредување на здравјето, спречување на болести, откривање на болести, лечење на болните и медицинска рехабилитација. Во текот на студиите и пробната работа се оспособуваат за работа во поглед на примарна здравствена заштита, односно за подрачјето на општа медицина. Нивната работа вклучува дијагностицирање на болести и лечење на болни кои бараат помош во ординација, дома или на местото на несреќа. Докторите ги прегледуваат своите пациенти, земаат анамнеза при што водат сметка за телесните, психичките и социјалните аспекти на болестите, упатуваат на контролни анализи, ги толкуваат добиените наоди и на таа основа ја дијагностицираат болестите или повредите. Ја проценуваат итноста и тежината на состојбата на болните, потребата од упатување на специјалистички преглед или болничко лечење, како и опасностите за околината. Пропишуваат лекови и други начини на лечење и го следат текот на болеста и успешноста на лечењето. Заради осигурување на целокупна здравствена заштита соработуваат со други лекари, особено со специјалисти на клинички и други струки, патронажни сестри и медицински сестри во установите за нега и рехабилитација, физиотерапевти, социјални работници и други стручњаци.

                                     
  • Спиров с. Брждани, Кичевско, 22 септември 1897 година - 1974 - македонски лекар и политичар. Потекнува од земјоделско печалбарско, но и револуционерно семејство
  • април 1939 година во Скопје - 6 март 2021 - македонски научник, професор и лекар од областа на нефрологијата, нефропатијата, урологијата и бубрежните заболувања
  • статистика. Во 1912 г. учествува во Балканската војна како фелдшер Помошник лекар По војната се повлекува и сè до смртта во 1956 г. работи како ситен трговец
  • 1912 - Буринец, Малесија, 22 јули 1944 - учесник во НОВ, прв партизански лекар во Народноослободителната војска на Македонија. Патрон е на медицинскиот
  • мир, конечно бил доделен на Бранденбург - Прусија. Ерих Паулун 1862 1909 лекар Поврзано: Список на збратимени градови во Германија Пазевалк е збратимен
  • Петар Илиоски - македонски лекар и политичар. Во периодот од 29 мај 1997 до 30 ноември 1998 година бил министер за здравство на Република Македонија.
  • Таџер 24 декември 1916, Софија - 17 ноември 2005, Скопје - македонски лекар и врвен стручњак по интерна медицина и патологија, еден од основоположниците
  • Гавро Костадинов Тасев 4 април 1881 - 1 септември 1918 - македонски лекар национален деец и учесник во Октомвриската револуција. Роден е 1881 година
  • Хрватска - починал на 1969 година во Белград - хрватски и југословенски лекар Дипломирал на Медицинскиот факултет во Прага во 1918 година. Кратко време
  • кој го регулира користењето на медицината и одделувањето на професиите лекар и аптекар. Ливелин Велики започнува поход против норманските господари во

Users also searched:

промена на матичен лекар,

...
...
...