Back

ⓘ Индустриски дизајн има двојна примена. Тој служи за да ја задоволи потребата од убаво и корисно. По својата суштина и по својот облик, со кој и се презентира на ..




Индустриски дизајн
                                     

ⓘ Индустриски дизајн

Индустриски дизајн има двојна примена. Тој служи за да ја задоволи потребата од убаво и корисно. По својата суштина и по својот облик, со кој и се презентира на јавноста, тој се наоѓа на половина пат, меѓу пронајдокот и "чистата" уметност. Правната заштита на индустрискиот дизајн е некаде на средината меѓу пронаоѓачкото и авторското право. Индустриската сопственост е заинтересирана за страната на овие творби, што има карактер на утилатералност - за нивната индустриска применливост. Авторското право, пак, е заинтересирано за нивната друга страна - за уметничката. Правната заштита на индустрискиот дизајн се состои во заштита на дистинктивните елементи на кои се должи успехот на пазарот. Правната заштита на индустрискиот дизајн покрај другото, го интензивира инвестирањето во ресурсите кој го негува, го форсира дизајнот, како елемент на производството. Заштитата на индустрискиот дизајн, во одделни земји, е решена на различни начини.

Како услови на заштита кај индустрискиот дизајн, споредбеното право ги утврдува новоста и индустриската и занаетчиска применливост.

Македонскиот законодавец се определува за принципот на универзална новост - дизајнот суштествено да се разликува од оној кој порано бил пријавен и достапен на јавноста без територијално ограничување, со тоа што дозволува да е ист со порано достапен дизајн на јавноста, ако пријавата за дизајнот била повлечена пред објавување на решението со кое се признава правото на индустриски дизајн. Според Законот за интелектуална сопственост од 2002 година, се смета дека дизајнот станал достапен на јавноста:

  • ако е објавен како пријава или како признато право од индустриска сопственост;
  • ако е изложен или користен на пазарот; и кога
  • во вообичаени услови на деловно работење станал познат во соодветни стручни кругови специјализирани за дадената област.
                                     

1. Постапка за стекнување

Во светот се познати два система за признавање на правото на индустриски дизајн. Тоа е системот според кој се врши целосно испитување и системот според кој се врши само испитување на пријавениот индустриски дизајн во однос на апсолутните пречки за регистрација, а не и на релативните.

                                     

2. Индустрискиот дизајн во Македонија

Во 2016 година, во Македонија биле поднесени вкупно 325 пријави на индустриски дизајн 22 домашни и 303 странски, една година подоцна имало 288 пријави 35 домашни и 253 странски, а во 2019 година, бројот на пријавите на индустриски дизајниизнесувал 279 34 домашни и 245 странски. Набљудувано од земји, во пријавите на индустрискиот дизајн, 76 биле од Швајцарија 27.8%, 37 од Германија 13.6% и 30 од Франција 11%, додека учеството на македонските пријави изнесувало 12.18%.

                                     

3. Надворешни врски

  • International Council of Societies of Industrial Design
  • Doodles, Drafts and Designs: Industrial Drawings from the Smithsonian 2004 Smithsonian Institution Libraries
  • U.S. Department of Labors Handbook: Commercial and Industrial Designers
                                     
  • поквалитетни предмети од машинско производство. Подемот на професијата - индустриски дизајн започнува токму тука. Следејќи ги неговите стапки, училиштето Bauhaus
  • Дипломиран инженер по производна информатика, Дипломиран инженер по индустриски дизајн Дипломиран инженер по применето термичко инженерство, Дипломиран
  • Текстил, дизајн и менаџмет Во вториот циклус на студии на Технолошко - техничкиот факултет се изучува следнава студиска програма: Индустриски дизајн на текстил
  • заштитени, односно се регистрираат, и тоа: патент, корисен модел, индустриски дизајн трговска марка, ознака на потеклото на производ и географска ознака
  • Голпа - Норд и на чии брегови е поставен Ferropolis Железниот град индустриски споменик, всушност музеј посевн на индустриската култура Грефенхајнихен
  • Баухаус и работењето од замисла до остварување, произлегол современиот индустриски дизајн Фотографијата и графиката, повторно биле откриени во Баухаус, каде
  • инженер по геоекологија инженер по компјутерски дизајн инженер по индустриска логистика инженер по индустриски менаџмент. По завршувањето на студиите, потенцијални
  • Филипс и ДАФ. Поранешните мали населби многу брзо прераснале во нови индустриски градови. Постојат многу музеи особено во големите градови и места како
  • година од страна на Object Management Group OMG и од тогаш станува индустриски стандард за моделирање на софтвер - интензивни системи. UML се користи
  • Електричните кабли тука се главно наменети за инсталација во згради и индустриски капацитети. За пренос на електрична енергија на оддалеченоста поголема
  • како за куќно така и за канцелариско осветлување, греење, готвење и за индустриски процеси. Иако било познато дека електрицитетот настанува како производ

Users also searched:

...