Back

ⓘ Максим V Цариградски. Тој се родил како Максимос Вапорцис во северна Турција, во градот Синоп во Кастамонискиот вилает, на крајбрежјето на Црното Море. Тој најп ..




                                     

ⓘ Максим V Цариградски

Тој се родил како Максимос Вапорцис во северна Турција, во градот Синоп во Кастамонискиот вилает, на крајбрежјето на Црното Море. Тој најпрво се образовал, под заштита на митрополитот Германос Каравангелис од Амасија, во Теолошкото училиште на Халките, Истанбул.

Во 1918 бил назначен за ѓакон. Со ова напредување тој исто така станал учител во градското училиште во Тејра. Работел како архиѓакон под нарзор на митрополитите Грегориј Халкидонски и Јоаким Ефески. Во 1920 станал архиѓакон во самата Вселенска патријаршија.

Во 1946 тој станал цариградски патријарх. Тој бил познат по неговите "левичарски" мислења и врски со московската патријаршија. Тој поднел оставка во 1948, официјално поради слабо здравје, додека неофицијално поради тоа што западните сили не ги одобрувале врските со советско-контролираната московска патријаршија. Тој бил наследен од архиепископот од Америка, Атинагора, и му било доделено името Ефески.

Починал во Швајцарија на 1 јануари 1972.

                                     
  • Максим I Цариградски - Цариградски архиепископ во 380 година, и соперник на Григориј I. Роден во Александрија од сиромашно семејство, Максим бил дете на
  • самиот се избрал за цариградски патријарх. Тој сè уште бил мирјанска личност, па така прво станал монарх земајќи го религиозното име Максим а следниот ден
  • Максим II Цариградски - Вселенски патријарх од јуни до декември 1216 година. Тој бил опат во манастирот Акоиметои и бил исповедникот на микејскиот император
  • Максим IV грчки: Μάξιμος Δ претходно познат како Манасиј грчки: Μανασσής бил православен христијански монарх и епископ. Тој бил Вселенски патријарх
  •  Главна статија: Вселенски патријарх Ова е список на цариградски патријарси, во којшто се наведени сите патријарси од Апостол Андреј 38 до Вартоломеј
  • Јован V Цариградски - Вселенски патријарх од 669 до 675 година. John V Ecumenical Patriarchate of Constantinople. Посетено на July 17, 2011.
  • Дионисиј V Цариградски - Вселенски патријарх од 1887 до 1891 година.
  • Неофит V Цариградски - Вселенски патријарх во период од неколку денови во 1707 година. Неофит бил назначен за митрополит во Ираклија на 15 мај 1689 година
  • Антим V Цариградски - Вселенски патријарх во период од тринаесет месеци во 1841 до 1842 година. Роден е во Родосто Текирдаг и начествувал како митрополит

Users also searched:

...
...
...