Back

ⓘ Кралско друштво, полн назив: Претседателот, Советот и Членовите на лондонското Кралско друштво за развој на знаењето за природата - национална академија на наук ..




Кралско друштво
                                     

ⓘ Кралско друштво

Кралско друштво, полн назив: "Претседателот, Советот и Членовите на лондонското Кралско друштво за развој на знаењето за природата" - национална академија на науките на Велика Британија и најстара постоечка оргнизација од овој вид во светот. Основано е во 1660 г. со повелба на кралот Чарлс II. Покрај улогата а академија, друштвото претставува советодавно тело на владата и обезбедува средства за научни истражувања за поединци, организации и претпријатија.

Со друштвото управува совет на чие чело стои преседателот согласно низа статути и трајни налози. Советниците и претседателот се бираат од членовите, како и самите членови. Членството моментално брои 1.450 луѓе, при што секоја година се назначуваат до 52 членови. Сите имаат право да ја користат кратенката "FRS" Fellow of the Royal Society, "Член на Кралското друштво" по своето име и презиме. Покрај ова, постојат и кралски членови, почесни членови и странски членови. Странските членови имаат право на кратенката "ForMemRS" Foreign Member of the Royal Society, "Странски член на Кралското друштво".

Почнувајќи од 1967 г. друштвото е сместено на бр. 6–9 од зданието "Карлтон Хаус Терас" во Вестминстер, централен Лондон.

                                     

1. Научна и општествена дејност

Кралското друштво се занимава со низа различни дејности. Има здача да ја поддржува современата наука, распределувајќи приближно 42 милиони фунти на околу 600 дотации за нови и докажани научни работници. Покрај ова, ги поттикнува иновациите, подвижноста и доделува средства за истражна способност. Од наградните средства се финансираат наградите, наградните предавања и медалите, како и курсеви за општење со јавноста и медиумите предвидени за научниците. Средствата за ваквите активности во голема мера ги обезбедува Одделението за деловно работење, иновации и вештини, чија главна дејност се состои во доделување средства стипендии за универзитетски истражувања. Во 2008 г. друштвото го отворило својот Претприемачки фонд, преку кој вложува во нови научни претпријатија.

Преку Центарот за начна политика, друштвото има улога на советодавец на британската влада, Европската комисија и Обединетите Нации и објавува неколку извештаи годишно. Советодавната дејност во служба на британската држава започнала уште од средината на XVIII век на нередовна основа, додека пак во 1800 г. друштвото прераснало редовен советодавен орган на владата.

                                     

2. Издавачка дејност

Во 1665 г. друштвото го вовело првото научно списание во светот, наречено Philosophical Transactions "Филозофски трудови на Кралското друштво" и со тоа ги удрило темелите на рецензијата која денес се применува кај сите стручни списание. Прв уредник бил Хенри Олденбург - првиот секретар на друштвото.

Денес друштвото ги објавува следниве стручни списанија:

  • Biology Letters
  • Proceedings of the Royal Society A
  • Philosophical Transactions of the Royal Society B
  • Interface Focus
  • Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society
  • Royal Society Open Science
  • Philosophical Transactions of the Royal Society A
  • Journal of the Royal Society Interface
  • Notes and Records: the Royal Society journal of the history of science
  • Proceedings of the Royal Society B
  • Open Biology "Отворена биологија"
                                     

3. Надворешни врски

  • Кралско друштво англиски
  • Список на сите членови на Кралското друштво од 1660 до 2007 г. англиски
  • Список на членови на Кралското друштво англиски
                                     
  • година е избрана за Kungliga Fysiografiska Sällskapet i Lund Кралско физиографско друштво во Лунд van Wyk 1987. sfn error: no target: CITEREFvan Wyk1987
  • Contente Domingues in Portuguese руина на Сан Хозе, 1708 година. Кралско географско друштво на Јужна Австралија The Development of the Full - Rigged Ship From
  • дозволено. Во истата година невидливиот колеџ се преобразил во Кралско друштво во Лондон за промовирање на природното знаење. Бојл бил еден од основачите
  • дејност на која ѝ го посветил целиот свој живот, во 1990 година англиското кралско семејство му ја доделило титулата сер The Nobel Prize in Literature
  • 1960 до 1977 година Хоџкин билац професор - истражувач во лондонското Кралско друштво Од 1970 година е почесен ректор на Бристолскиот универзитет. Таа е
  • својата катедра. Во јануари 1672 година бил примен во Британското кралско друштво а во 1688 година бил избран за претставник на Универзитетот во Кембриџ
  • Марија Магдалена и Исус веќе 2000 години. Марија Магдалена потекнува од кралско семејство, и е жената на Исус од куќата на Давид. Тоа што се вели дека
  • Редот на Канада 2009 - Член на Кралското друштво на Британија 2011 - Медал Хенри Маршал Тори на Кралското друштво на Канада како признание за големата
  • неговата жена Хиро Сага, која пак била во роднинска врска со јапонското кралско семејство. Тој ја избрал кога ја видел на слика при процесот на избор.

Users also searched:

танго, танци, видови валцер, виенски валцер,

...
...
...