Back

ⓘ Време, живот, филм. Време, живот e македонски игран филм по сценарио на Иван Митевски, а во режија на Русомир Богдановски. Музиката ја компонирал Љупчо Констант ..




                                     

ⓘ Време, живот (филм)

Време, живот e македонски игран филм по сценарио на Иван Митевски, а во режија на Русомир Богдановски. Музиката ја компонирал Љупчо Константинов.

Премиерата била одржана во 1999 година.

                                     

1. Кратка содржина

"Време, живот" е филм кој е преадаптиран од телевизиската серија од три епизоди "Трето доба", снимена во 1986 година. Уште оттогаш замислата била да се премонтира во игран филм и да се префрли на 35-милиметарска филмска лента, но поради материјално-техничките услови, оваа идеја не се остварила тогаш и чекала подобри времиња. Условите за реализација на таа идеја се појавија дури по 13 години од снимањето на серијата. Во овој филм станува збор за животот на старите луѓе во градската средина како што е Скопје, за љубовта во т.н. "трето доба" од животот, прикажана со блага нишка на хумор, и една лирска претпоставеност на карактерите. Протагонистите на оваа филмска приказна се луѓе кои работат на филм - од глумците, преку филмските техничари, па сè до статистите - во текот на снимањето на филм. Животните приказни на овие филмски работници им се испреплетуваат со приказните на ликовите од филмот чие снимање е во тек. Со неколкуте перипетии во кои тие стари, но витални луѓе покажуваат една завидна енергија, инвентивност и желба за живот и љубов, во филмот - полека но сигурно, се кристализираат односите меѓу нив, за на крајот, повеќето од нив да си ги пронајдат своите животни сопатници - и вон и во филмот, заклучувајќи дека во ниедно време од животот не е доцна да се живее со полна сила, и да се ужива во животот што на човека му е даден на располагање. Самиот ефект на изместеното време, онаа патина и оној дух што овој филм го носи со самиот факт дека повеќе од деценија нè дели од првичното снимање на - тогашната серија; потоа, ефектот на мекоцртач што произлегува од "blow-up”-от од 16-милиметарската на 35-милиметарска филмска лента, дава една романтична слика за луѓето и за годините кога добрината и луѓето не беа деградирани во цинизам и користољубие. Филмот така и завршува: секој со по нешто е во добивка: нова љубов, или пак возобновено пријателство. Но, затоа сите - со нов жар и нова енергија, го продолжуваат својот пат низ златната есен на нивните животи.

                                     
  • Време води e македонски игран филм по сценарио на Јован Стрезовски, а во режија на Бранко Гапо. Монтажер бил Олга Донкиќ, а музиката ја компонирал Ристо
  • Живот со стрикото хрватски: Život sa stricem е југословенски филм од 1988 година, во режија на Крсто Папиќ, а според сценариото на Иван Аралица, кое
  • филм портал, проект Оваа статија се однесува на филмовите како дел од уметноста. За други значења видете филм појаснување Филм форма на културата
  • Милионер од гетото англиски: Slumdog Millionaire е англиски филм од 2008 година, од жанрот драма, во режија на Дени Бојл и Лавлин Тандан. Филмот е адаптација
  • XX век. Акцентот е ставен на социо - економскиот живот и распаѓањето на семејството. Речиси целиот филм е прикажан како ретроспекција во која главниот лик
  • Titanic е американски љубовен филм режиран и напишан од Џејмс Камерон во 1997 година. Дејството на филмот се одвива за време на патувањето и бродоломот на
  • траен симбол на златното време на Холивуд. Филмот е исто така е и најдолгиот американски звучен филм направен до тоа време кој трае 3 часа и 44 минути
  • Двојниот живот на Вероника француски: La double vie de Véronique - филм од 1991 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и автор на сценариото
  • сценарист на филмот. Се одржува премиерата на играниот филм Време живот во продукција на Носталгија филм и МРТВ сценарист е Русомир Богдановски а режисер

Users also searched:

...
...
...